Поврзи се со нас

Занимливости

Дали знаете дека луѓето некогаш се плашеле од вилушки и топла вода?

Објавено

на

Често, можеме да се најдеме во ситуација кога ни недостига некој предмет, за кој со задоволство би „тркнале“ до продавница да го набавиме, ама не ни дозволуваат условите, периодов конкретно полицискиот час, но нека биде како утеха податокот дека некогаш на луѓето им било многу потешко – или можеби подобро, зависи. За тоа како луѓето се снаоѓале некогаш и како добивале инспирација за пронајдок на некои работи интересни информации има историчарката Ами Азарито, која неодамна воодушеви со новата книга „The Elements of Home“, каде наведува занимливости поврзани со предметите кои секојдневно ги користиме.

Проклета вилушка

Верувале или не, вилушката одреден период не се користела бидејќи се сметала за нехигиенска, а некои избегнувале нејзино користење поради изгледот, бидејќи ги асоцирала на ѓаволски предмет. Првите вилушки се користеле во Византиската империја, но во тоа време не биле општествено прифатливи. Само откако италијанците сватиле дека не можат да јадат овошје во сируп, без да ја извалкаат облеката настапува ренесансата на вилушката.

Будење „на камења“

Првите механички часовници биле создадени во осмиот век, а во четиринаесеттиот секој град веќе имал голем часовник, благодарение на кој жителите ги извршувале своите активности во договореното време, после што часовниците стануваат луксуз, Наполеон бил опседнат секогаш да знае колку е часот. 36-те часовници не биле доволни за неговите 1.500 соби, но некако успевал во тоа.

Кога сите луѓе не можеле да си дозволат да имаат часовник, работниците плаќале за „живи часовници со камења“, односно луѓе кои би фрлале со камчиња на прозореците за да ги разбудат, да не задоцнат на работа.

На кого му треба када? 

Во античка Грција, цврсто се верувало дека нема ништо подобро од ладен туш или од кофа со ледена вода после вежбање. Топлата вода во тоа време била резервирана за „мекушите“ или за пациенти кои се лекувале во бањите. Од 1500 до 1700 година, капењето не било препорачливо затоа што се верувало дека водата може да заслепи некое лице и преку отварањето на порите, се отвара вратата на многу болести ослабнувајќи го телото. Ерата на капење започнала со Викторијанците кои пред се верувале дека водата лечи.

Поради ова, тие оделе кај што има потоци и реки, кои честопати биле многу далеку, па патувања траеле со денови и недели. Така, тие дизајнирале подвижни кади кои го имитирале движењето на водата во природата.

„Цару на сонцето“ ти благодариме за фотелјата … 

За ова може да му се заблагодариме на Луиј XIV, кралот на Франција, нарекуван уште и Богомдани, Велики и Цар на Сонцето, поточно за удобноста која ја имаме одмарајќи, гледеајќи филмови и серии пред телевизор на фотелја или кауч. За време на средниот век, кралиците и кралевите кога патувале од замок до замок си носеле свој мебел

За време на Граѓанската војна, Луиј XIV отпатувал за Saint-Germain-en-Laye каде неговите гости немале место за седење. Луиј бил толку понижен што започнал да размислува и дизајнира удобен мебел, со кој го наполнил и Версај.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена