Гостивар
Лукаревска во посета на гостиварската фирма Прогрес 1998

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска денес беше во посета на компанијата Прогрес 1998 од Вруток, гостиварско. Директорката оствари средба со сопственикот Бобан Трифуноски со кого поразговараа за бизнис состојбите, работата и функционирањето на компанијата.
Фирмата користи субвенционирање на плати преку што се исплаќаат повисоки плати на работниците.
„Овој даночен обврзник има 56 вработени и за 43 од вработените во март 2022 година ја користат мерката субвенционирање на придонеси за исплата на повисока плата за вработените од 600 до 6000 денари. Во април поддршка по основ на оваа мерка е одобрена за 47 вработени. Преку зголемувањето на платите, директно влијаеме врз подобрување на стандардот на работниците и зголемување на ефективноста и продуктивноста на работниците. Од компанијата велат дека овие мерки веќе позитивно се одразуваат и во зачувување на квалитетните кадри во секторот градежништво.“
Компанијата Прогрес 1998 и нејзините вработени, зад себе имаат низа успешно реализирани локални и регионални патни правци низ државата. Освен со градежништво се занимава и со производство на варовнички агрегати за асфалт и бетон, како и дробен варовник кој се користи за тампонски материјал. Целокупниот производствен процес е контролиран со сопствена лабораторија.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска | Женски прашања
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Natasha Beauty Center во Гостивар слави 14 роденден со нова локација-Љубов и почит кон убавината и негата
-
Гостиварпред 3 месеци
Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!
-
Гостиварпред 3 месеци
Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила