Поврзи се со нас

Свет

Луксембург единствена држава во ЕУ каде жените се поплатени од мажите

Објавено

на

Родовиот јаз меѓу вработените ширум Европа и натаму е значителен во корист на мажите, како во однос на висината на платите, така и при нееднаквост во пристапот до работа, напредувањето и наградувањето.

Според податоците на Евростат, мажите во ЕУ во просек заработуваат за 12,7 отсто повеќе од жените, при што Луксембург е единствената земја меѓу членките на Европската Унија каде просечните плати на жените се повисоки од оние на мажите и тоа за 0,7 проценти.

Родовиот јаз на платите во корист на мажите е најголем во Естонија и изнесува 21,3 отсто, по што следуваат Австрија со 18,4 и Чешка со 17,9 проценти. Во Германија разликата на платите меѓу половите изнесува 17,7 отсто, а во Франција 13,9 проценти.

Најмал родов јаз во платите, под пет отсто, има во Италија од 4,3, Романија од 4,5 и Белгија од речиси пет проценти.

Од земјите во регионот, разликата во платите меѓу половите е најголема во Бугарија од 13 проценти, кој е и единствена над просекот на ЕУ, додека во Хрватска изнесува 12,5, во Грција 10,4, а во Словенија 8,2 отсто.

Намалувањето на родовиот јаз во платите долги години се наведува како еден од приоритети на ЕУ, цел која, според статистичките податоци, се остварува, но со бавно темпо. Така, во 2012 година разликата изнесувала 16,4, а во 2022 – 12,7 отсто, што претставува намалување од 3,7 процентни поени.

Дополнително, во посочениот период во пет земји јазот дури бележи и раст и тоа од 3,7 процентни поени во Словенија, 2,2 во Летонија, 1,4 во Полска, 0,7 во Малта и 0,1 процентни поени во Литванија. Од друга страна, најголемо намалување на јазот има во Шпанија од 10 проценти поени, пред Естонија од 8,6, Луксембург од 7,7, Кипар од 5,4 и Германија и Холандија од по 5,0 процентни поени. Во останатите земји половиот јаз во платите е намален за под пет проценти.

Податоците покажуваат и дека родовиот јаз е поголем во приватниот отколку во јавниот сектор во ЕУ, при што во пет земји тој е над 10 процентни поени. Исклучок од ова се само три земји – Португалија со поголем јаз во јавниот отколку во приватниот сектор од 1,4 проценти поени, Словенија од 0,7 и Финска од 0,5 проценти поени.

Според Евростат, помалиот јаз во јавниот сектор можеби се должи на фактот што платите во таму главно се одредуваат со систематизации кои подеднакво важат и за мажите и за жените.

Половиот јаз во платите во јавниот сектор е најголем во Унгарија од 16,1, пред Финска од 15,9 и Летонија од 15,3 проценти. Кипар е единствената земја во ЕУ каде жените во јавниот сектор заработуваат повеќе од мажите и тоа за 0,2 отсто, по што следуваат Полска со 1,0 и Белгија со 1,2 проценти повисоки плати на мажите административци.

Најголем полов јаз во приватниот сектор има во Чешка од 20,5 отсто, пред Германија со 19.9 и Кипар со 19.5 проценти. Во случајот на Германија ваквите податоци укажуваат дека за истото работно време за кое мажите заработуваат 100 евра, жените добиваат нешто над 80 евра. Најмали разлики во платите меѓу половите во приватниот сектор има во Белгија од 8,1 отсто, пред Романија од 8,6 и Шведска од 9.9 проценти.

Според Европската комисија едни од главните причини за родовиот јаз во платите во ЕУ се секторската сегрегација, односно фактот што жените се значително мнозинство меѓу вработените во сектори со релативно ниски примања, како што се негата, здравството и образованието, како и тоа што жените почесто се ангажирани со скратено работно време од мажите.

Покрај ова, разликата се должи и на тоа што мажите генерално заземаат повисоки раководни позиции од жените. Така, во 2021 година, само 35 отсто од менаџерите во ЕУ биле жени.

Во сите земји на ЕУ, мнозинство од менаџерите биле мажи, додека најголем удел на жени на раководни позиции имало во Летонија од 46 отсто, пред Полска и Шведска со по 43 проценти. Најмал удел на жени менаџери имало во Кипар од 21 отсто, пред Луксембург од 22 и Холандија од 26 проценти.

Од друга страна, статистичките податоци покажуваат и дека иако се помалку платени, жените во просек се пообразовани од мажите. Така, во 2022 година во просек 37,1 отсто од жените во ЕУ биле со високо образование, додека кај мажите таа стапка изнесувала 31,4 отсто. Исклучок од ова се само Германија и Австрија, каде има повеќе факултетски образовани мажи од жени.

Сепак, иако се пообразовани, жените во ЕУ се помалку работно ангажирани со стапка на вработеност од 83,6 отсто, наспроти 88,9 проценти кај мажите.

Стапката на вработеност кај мажите во ЕУ е поголема од онаа на жените во сите земји на ЕУ, при што просечната разлика изнесува 9,8 процентни поени. Таа е највисока во Грција и изнесува 19,1 процентни поени, пред Италија од 18,1 и Романија од 17,1 процентни поени. Во останатите земји членки на ЕУ разликата е под 15 процентни поени, при што најниска е во Литванија од 0,3, Финска од 0,8, Естонија од 2,2 и Летонија од 2,3 процентни поени.

Сподели ја веста:
Advertisement

АНКЕТА

Дали службите за зимско одржување добро ја вршат својата работа на локалните патишта во Гостивар?
Македонијапред 7 часа

Македонија со најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето

Гостиварпред 15 часа

ЦУК: Сообраќајот во отежнати зимски услови, се чистат главните улици, споредните по приоритет

Македонијапред 16 часа

3,5 милиони евра за чистење на снегот по улиците и патиштата низ државата

Гостиварпред 18 часа

Поради дефект прекин на водата во болницата во Гостивар и неколку населби

Гостиварпред 18 часа

Забрани за тешки товарни возила на патот Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево и на други патни правци низ државата

Гостиварпред 19 часа

Гостивар се разбуди под снежна покривка, снег ќе врне и во текот на денот

Магазинпред 2 дена

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Македонијапред 2 дена

Влегуваме во студен бран со снежни врнежи

Македонијапред 2 дена

Регистрација за ДДВ до 15-ти јануари

Светпред 4 недели

Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година

Гостиварпред 4 недели

Дедо Мразовци на мотори ги израдуваа децата во Гостивар на хуманитарната забава на When in Trouble

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Што, како, каде?!пред 1 недела

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Терористичката ќелија ја создал и координирал 21 годишен гостиварец, планирале напади врз цивилни цели и јавни објекти

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 2 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 2 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Претрес во гостиварско, пронајдена дрога, приведени две лица

Гостиварпред 7 дена

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 5 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена