Гостивар
Љутков: Повеќето културни установи во Гостивар без соодветни услови, ќе мора да се интервенира

Во Гостивар има голем број национални установи од културата, но ретко која има соодветни услови за работа, истакна министерот за култура и туризам, Зоран Љутков при денешната посета на Гостивар и средбите со директорите на културните институции.
„Факт е дека ќе мора да се интервенира во голем дел од нив. Се согласивме и со заменик министерот и со директорите дека ќе мора да размислуваме многу паметно, да ги рационализираме институциите, да обезбедиме соодветни простори, кои ќе бидат ефикасни, нема да трошат големи средства понатаму за одржување. Во Центарот за култура АСНОМ функционира и Гостиварски театар и галеријата и библиотеката. Тоа значи дека четири институции се во еден објект, кој не исполнува услови ни за една. Мора да го пофалам делот на библиотеката кој по интервенциите изгледа убаво, пристојно, топло, чисто, така како што треба, примамливо за читателите. Но, салата и комплетно целиот објект, не е баш во добра состојба. Ќе мора да се работи на тој простор и да се дисперзираат некои од националните установи од таму, бидејќи реално најголем обем на работа има гостиварскиот театар, а условите внатре не се ни одблиску како што треба.“, изјави Љутков.
Министерот информираше дека во најскоро време ќе се формира работна група заедно со локалната самоуправа за да се утврди со какви просторни капацитети располага Гостивар и за која намена ќе можат да се искористат. Според него проблемот е настанат поради тоа што се формирале нови национални установи без да има претходно обезбеден простор за нивна работа.
„Од 2018 година се отворени нови институции без да се направи анализа каде тие ќе бидат сместени. Лани се отворија 7 нови нови национални установи, меѓу кои и Галерија Гостивар без да се размисли дали има простори соодветни услови. И ќе мора да најдеме решение како ќе функционираат тие. Во 2019 е отворен Гостиварски театар, основана е институција без да и бидат обезбедени услови за работа, супер е идејата „ќе отвориме нов театар и ќе вработиме 50 луѓе“, но каде ќе ги сместиме, во какви услови ќе работат, зошто не се мислело прво да се обезбеди објект, услови за работа, па потоа да се формира институцијата, а ние имаме обратен процес.“, подвлече Љутков.
Министерот во Гостивар се сретна со директорите на: Центарот за култура Фарије Адили, Гостиварски тетатар Сулејман Рушити, Галерија Гостивар Луан Зенки, и на Конзерваторски центар, Цветко Новаковски.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?