Здравје и убавина
Маџун, божествена течност за силен имунитет и чист црн дроб

Популарноста на природните производи со лековити својства, последните години наголемо се враќа. Со тоа и божествената течност од Тиквешијата-маџунот, си го добива заслуженото место меѓу најкорисните за човековото здравје. Маџунот е целосно природен производ, кој се добива од гроздов сок на најквалитетните видови лоза. Не содржи додатоци како шеќер, адитиви и конзерванси и е вистинска ризница на хранливи материи што го штитат целиот организам. Со оглед дека има сладок вкус, лесно станува омилен на сите генерации.
Особено се препорачува во период кога е потребно зајакнување на имунитетот и отпорноста на телото во борбата против вируси и бактерии. Содржи минерали како калиум, натриум, калциум, фосфор, железо, како и витамини (Б1, Б2, Б3, Б6, Ц, А, Д) и антиоксиданси. Позитивно делува при настинки и инфекции на респираторниот систем, психички нарушувања, во борбата против вишокот килограми, при анемија и болести на кардиоваскуларниот систем. Познат е како многу ефикасен чистач на телото и посебно се препорачува кај луѓе со нарушена функција на црниот дроб заради прележана жолтица, алкохолизам, цироза или прекумерна употреба на лекови.
Се зема по една лажица наутро и навечер, а може да се користи и за засладување на чај, млеко, како прелив на торти и сладоледи.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!