Поврзи се со нас

Гостивар

Мај продолжува со дождови и нестабилност

Објавено

на

И во деновите од новата работна недела ќе биде врнежливо и нестабилно. Денес (понеделник) не очекува променливо облачно и потопло со повремени врнежи од дожд, попладне особено во западните делови ќе има услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи од 10 до 20 степени.

Утре (вторник) ќе имаме променливо облачно и постудено време со локални врнежи од дожд, од пладневните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за поинтензивни процеси во форма на невреме. Особено вдолж Повардарието и во источните делови ќе дува засилен ветер.

Во среда претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе биде краткотрајно нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Во четврток и петок, според метеоролозите ќе владее сончево време со умерена облачност.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена