Вести
Мајка и две малолетни деца повредени во сообраќајка
Автомобил „БМВ“, со гостиварски таблици, излетал од автопатот Тетово-Гостивар и се превртел во блиска нива. Во несреќата биле повредени мајка и две малолетни деца.
Според информациите од полицијата, судирот се случил вчера околу 16 часот, на автопатот во близина на бензинска пумпа во Жеровјане. Во несреќата учествувале товарно моторно возило „ Цитроен“ со гостиварски регистерски таблици, управувано од 50-годишниот гостиварец Ш.Ш, патничко возило „БМВ“ што го управувал 30-годишниот гостиварец Г.Г. и товарно возило ( камион „ФАП“ ), кое не застанало и продолжило со движење.
Во несреќата, тројца сопатници од „БМВ-ето“, поточно сопругата и двете малолетни деца на Г.Г. се здобиле со телесни повреди, со друго возило биле пренесени во тетовската клиничка болница и по укажаната лекарска помош, префрлени се на скопските клиники.
Од полицијата соопштуваат дека е извршен комплетен увид и се утврдува причината за несреќата и околностите во кои се случила.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди