Поврзи се со нас

Технологија

Мајкрософт додава вештачка интелигенција во новиот пакет „Офис“

Објавено

на

„Мајкрософт“ објави нови планови за вештачката интелигенција и достапноста за повеќе корисници до неа, како одговор на достигнувањата на „соперникот“ „Гугл“ во истата област. „Мајкрософт“ го претстави новиот „Копилот“ т.е. асистент со вештачка интелигенција, за новиот пакет „Мајкрософт офис 365“ што вклучува „Ворд“, „Ексел“, „Пауерпоинт“ и „Аутлук“. Овие програми во иднина ќе може „да разговараат“ со корисникот преку вештачка интелигенција, што, како што се наведува, веќе го докажа својот потенцијал. Ваквата технологија учи од веќе постоечките и достапни податоци заради креирање нова содржина.

„Веруваме дека оваа следна генерација вештачка интелигенција ќе донесе нов бран на раст на продуктивноста“, изјави извршниот директор на „Мајкрософт“, Сатја Надела.

Потпретседателот на „Мајкрософт“, Џон Фридман додаде дека разговорот со апликацијата е од огромно значење за учењето на една таква програма.

„Корисникот, на пр., може да побара „Кажете му на мојот тим како да ја ажурира стратегијата на производот“, а вештачката интелигенција ќе повлече податоци од мејлот, состаноците и разговорите од тоа утро. А, на долг рок, вештачката интелигенција треба да биде поперсонализирана… Често ги принудуваме луѓето да се прилагодат на машините и системите што ги градиме. Ова е нешто што ќе почне да се прилагодува на вас“, нагласи Фридман.

Компанијата „Опен-АИ“, што ја создаде апликацијата, оваа недела ја објави и новата верзија „ГПТ-4“. Таа ги има функциите на „Копилот“, кои „ќе охрабрат повеќе луѓе да го користат пакетот ‘Офис’ и ќе го одвои уште повеќе од конкурентите“, се наведува.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Втора победа за Јулијана Златаноска на Вешта жена во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Наша цел е поправедно општество и еднаквост, порачаа гимназијалците од Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 7 дена

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 2 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена