Вести
Македонија – 38-ма најбезбедна земја во светот

Глобалниот индекс на мир (GPI) го претстави годишното рангирање на најбезбедните земји во светот, составено од Институтот за економија и мир, според кое најбезбедна земја во светот за 2023 година е Исланд. На оваа листа Република Северна Македонија е на 38 место.
Најбезбедна земја во светот и за 2023 година е Исланд. Оваа земја во Северна Европа е на врвот на овој список секоја година од 2008 година. Данска е втора на листата, делумно поради ниското ниво на владина корупција, а трета е Ирска, којашто скокна за пет места во однос на лани.
Говорејќи за земјите од Балканот, најдобро, највисоко оценета е Словенија – на место бр. 8., Хрватска е 14-та, а Бугарија е на 30. позиција. Подолу од Македонија на списокот се наоѓаат Црна Гора – на 45-то место, Грција на 60-то место, Босна и Херцеговина на шеесет и првото место, а Србија е 65-та, што ја прави најлошо позиционирана земја на Балканот.
На другиот крај од списокот се земјите погодени од војна, со широко распространето насилство и политичка нестабилност, што ги прави доста несигурни. Авганистан, Јемен, Сирија, Русија и Јужен Судан се меѓу најнебезбедните држави.
ГПИ ги рангира земјите според широк спектар фактори, од нивото на насилство и криминал до тероризам и меѓународни судири. Овој извештај ја претставува најсеопфатната анализа на трендовите во мирот, економската вредност и развојот на мирот во општествата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог