Македонија
Македонија и Албанија ќе ги интензивираат релациите во културата преку нови Културно информативни центри

Владата на вчерашната седница даде зелено светло за основање на Културно-информативни центри во Македонија и во Албанија, преку кои ќе се интензивираат релациите во сите дејности од областа на културата. Како што информираат од владината прес служба центрите ќе овозможат презентација и афирмација на културите на двете земји, како и институционално поврзување на субјектите од Република Северна Македонија и Република Албанија, што би резултирало со голем број на заеднички проекти и иницијативи.
Отворањето на културните центри ќе придонесе за популаризација и презентирање на традицијата, културата и уметноста, ќе овозможи навремено и изворно информирање на граѓаните за актуелните културни текови во двете држави и ќе претставува мост за зближување и заемно запознавање меѓу народите, соопштија од Владата.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Македонијапред 3 месеци
Софтвер ќе открива злоупотреби на социјалната помош