Спорт
Македонија и Грузија без победник во Скопје

Македонската А репрезентација одигра 1:1 против Грузија во натпревар од 4. коло од Ц сегментот во Лига на нации. Нашата најдобра селекција со освоениот бод на Националната арена „Тодор Проески“ останува на првото место на табелата со ист број бодови, шест, како и Грузија, Ерменија има бод помалку по вчерашното реми во Талин против Естонија.
Езѓан Алиоски со гол од пенал во судиското надополнување ја спаси од пораз нашата репрезентација, а погодокот добива на вредност со оглед на тоа дека од 67. минута игравме со фудбалер помалку, откако Столе Димитриевски беше исклучен од игра со рака надвор од својот шеснаесетник.
Првата полуприлика за нашата репрезетнација стигна во 31. минута, Пандев се обиде, но неговиот удар Џигаури го изблокира и топката заврши во корнер. Полувремето го завршивме со офанзива, со неколку корнери и удар на Велковски со глава во 42. минута, по корнерот на Алиоски.
Една минута подоцна, по центаршутот на Ристовски, Пандев исто така биеше со глава, Лориа беше совладан, но топката заврши крај неговиот лев дирек.
По паузата, Грузија, имаше две шанси, но Димитриевски имаше добри реакции. Во 54. минута, прекрасен обид за гол имаше Бобан Николов. Нашиот фудбалер шутираше од дваесетина метри, но голманот Лориа одбрани фантастично. Во 68. минута, Македонија остана со играч помалку, затоа што Столе Димитриевски го напушти својот гол, играше со рака надвор од казнениот простор и беше исклучен.
Грузијците ја искористија бројчаната предност и преку Кварашкелија дојдоа до предност во 75. минута.
Во 92. минута пенал за Македонија. Ѓоко Зајков по една мешаница во шеснаесетникот на Грузија беше фаулиран, судија досуди најстрога казна, а сигурен реализатор на пеналот беше Езѓан Алиоски.
Македонија следниот предизвик ќе го има во Грузија во борбата за ЕП на стартот на ноември, а потоа следат две средби од новата сезона во Лигата на нациите, против Естонија (дома) и Ерменија.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022