Спорт
Македонија има два светски јуниор шампиони во кик бокс
Двајца македонски спортисти освоија златен медал на Светското првенство во кик бокс што се одржува во Будимпешта. Македонската јуниорска репрезентација се враќа и со еден сребрен медал.
Светски шампион во машка конкуренција е Силвио Мировски во категоријата до 71 килограм, а во женска категорија Марија Димовска. Сребрен медал на Светското првенство во кик бокс освои Лука Змејковски.
Мировски во категоријата со постари јуниори до 71 килограм, во финалето го победи украинецот Иван Бородатји, а во полуфиналето извојува победа против Атанас Димов од Бугарија.
Во женска конкуренција, Марија Димовска во дисциплината „лоу кик“ во финалето ја победи израелката Мија Лијамичев.
На Светското првенство учествуваа 2256 спортисти од 68 држави од светот.
-
Рецептипред 3 месеци
Наједноставниот рецепт за плескавици од тиквички е сѐ што ви треба во овие топли денови за супер брз ручек и совршен вкус!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 3 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 2 месеци
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Светпред 3 месеци
Земјотрес од 4,4 степени во Албанија
-
Македонијапред 3 месеци
Денес се слави Петровден
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар: Остри казни за сите кои го прекршуваат законот и го уништуваат јавниот имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Викендов 61 издание на Галичка свадба