Македонија
Македонија испраќа итна помош во Турција по катастрофалниот земјотрес

Владата попладнево одржа вонредна седница, со цел обезбедување итна помош за Република Турција, по катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата со големи човечки загуби, повредени граѓани, како и големи материјални штети. Министерството за надворешни работи информираше дека има државјани од Северна Македонија во погодените подрачја во Турција, кои се наоѓаат на безбедни локации и меѓу кои нема жртви и повредени. Почесниот конзулат, според информацијата од МНР, има подготвено планови за сместување, брза медицинска помош и поддршка со храна и пијалаци за наши државјани, доколку за тоа се појави потреба.
Владата го задолжи МНР, преку дипломатско конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Република Турција (Анкара и Истанбул), да ги координира активностите за евакуација на државјаните на Република Северна Македонија од погодените подрачја.
Владата, на предлог на Министерството за надворешни работи, на денешната 126 седница, донесе неколку заклучоци.
Се задолжува Министерството за финансии да подготви и до Владата да достави одлука за одобрување на средства од резервите на Буџетот во износ од шест милиони денари за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес.
Се задолжуваат Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, во координација со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, итно да подготват и до Владата да достават соодветна одлука за испраќање на сили/тимови за заштита и спасување, коишто ќе се вклучат во погодените подрачја, како и одлука за испраќање хуманитарна помош за заштита и спасување во Република Турција.
Се задолжува Министерството за одбрана во рамките на своите надлежности итно да подготви и до Владата да достави одлука за обезбедување соодветна помош во персонал, опрема во вид на механизација, шатори, душеци, ќебиња, грејни тела и друг вид соодветна помош.
Се задолжува Министерството за здравство, во рамките на своите надлежности, итно да подготви и до Владата да достави одлука за обезбедување помош во вид на медицински персонал, медицинска опрема и лекови.
Се препорачува, Црвениот крст во рамките на своите законски надлежности и можности, во соработка со надлежните институции, да се вклучи во акцијата за обезбедување помош на настраданите, со испраќање тимови и друг вид хуманитарна помош, соодветна за вакви природни катастрофи.
Владата го задолжи Генералниот секретаријат на Владата во соработка со МНР, да преземе активности во насока на итно префрување на одобрените средства од Буџетот, како и да одржува редовна комуникација со Амбасадата на Република Турција во Република Северна Македонија, со цел спроведување на одлуката.
Владата, на предлог на Дирекцијата за заштита и спасување, донесе одлука во санирањето на последиците од земјотресот во Турција да се испратат 40 лица од Дирекцијата за заштита и спасување – припадници на републичките сили за заштита и спасување.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава