Македонија
Македонија ќе купува ПВО систем за низок прелет

На предлог на Министерството за одбрана, на денешната седница Владата на Република Северна Македонија ја усвои Информацијата и го донесе Годишниот план на Владата на Република Северна Македонија за склучување договори за набавка на стоки, услуги и работи во областа на одбраната и безбедноста со влади на странски држави за 2022 година.
Планот содржи осум проекти кои ќе се реализираат преку склучување договори за набавка на стоки, услуги и работи во областа на одбраната и безбедноста со влади на земји членки на Алијансата, со кои согласно Планот за модернизација на Армијата се предвидени набавки на лесни оклопни возила на тркала (проект во континуитет), специјални возила за посебни намени, артилериски системи 105 мм и муниција 105 мм, ПВО систем на многу мали височини, ремонт на транспортни хеликоптери, опрема за извидување и разузнавање, комплет за контрола на здружен оган Joint Terminal Attack Controler (JTAC) и лесни оклопни борбени возила за специјални сили.
Со наведената опрема, се наведува во соопштението од владината прес-служба, ќе се зголеми опременоста на Армијата на Северна Македонија и нејзината интероперабилност со армиите на сојузничките земји.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022