Вести
Македонија лидер во регионот по корупција и поткуп

Македонија се наоѓа на првото место по степенот на корупција и поткуп во регионот, според податоците на интернет страницата numbeo.com.
Numbeo е најголемата база на податоци која со помош на корисници од сите градови и земји од светот, навремено ги прима и обновува податоците. Numbeo спроведува анализи за условите за живот во светот, вклучувајќи ги трошоците за живот, здравствената заштита, сообраќајот, криминалот и загадувањето.
Во таа огромна база на податоци во категоријата криминал, по прашањето за корупција и поткуп Македонија се најде помеѓу највисоко рангираните држави во светот и е лидер во регионот со индекс 83.39.
После нас доаѓаат:
Босна и Херцеговина 83.20
Србија 80.36,
Бугарија 79.62
Албанија 79.10
Косово 74.24
Хрватска 70.36
Грција 63.21
Земји со повисок индекс од Македонија и голем степен на корупција и поткуп се: Moзамбик 90.91, Зимбавбе 91.42, Венецуела 94.46, Таџикистан 96.43.
Уште еден индикатор за Македонија покажува на црвено, тоа е зголемување на криминалот во последните 3 години, индекс 62.59.
Во 2019 или моменталниот генерален криминал во државава е со индекс 39.14, што е подобро во споредба со лани. Во 2018, Македонија е рангирана на 148 место во светот, а 28 место во Европа со годишен индекс од 45.65.
Во 2018 земји со најголема стапка на криминал во светот се: Хондурас, Венецуела, Нова Гвинеја и Бразил. Во Европа предничат Франција и Италија.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести