Македонија
Македонија на 42. место на светската листа за слобода на медиумите

Македонија бележи пад од шест места на светскиот Индекс за слобода на медиумите за 2025 година, објавен од организацијата „Репортери без граници“, и се наоѓа на 42. позиција од вкупно 180 рангирани земји.
И покрај намалувањето во однос на минатата година, кога беше на 36. место, земјата останува подобро позиционирана од повеќето држави во регионот. Словенија е најдобро рангирана со 33. место, а потоа следуваат Црна Гора (37), Хрватска (60), Бугарија (70), Албанија (80), Босна и Херцеговина (86), Грција (89), Србија (96) и Косово (99).
Состојбата со медиумските слободи во Македонија е оценета како „задоволителна“, но извештајот укажува на сериозни предизвици кои влијаат на професионалноста, довербата и безбедноста на новинарите.
„Иако новинарите не работат во непријателска средина, распространетите дезинформации и недостигот од професионализам го намалуваат нивото на општествена доверба во медиумите. Тоа ги изложува независните редакции на ризик од закани и напади“, стои во извештајот.
Оценката е изработена врз основа на пет клучни индикатори:
Медиумски пејзаж: Телевизијата и натаму доминира како извор на информации, но онлајн медиумите добиваат сè поголема улога. Забележано е ниско ниво на доверба во најгледаните ТВ-станици, како Алсат, Сител, МТВ1 и Канал 5.
Политички контекст: Владините институции покажуваат слабости во транспарентноста, а критичките новинари често се мета на напади. Владее политичка поларизација, со силно влијание на најголемите партии врз медиумите, како и отсуство на уредувачка и финансиска независност на јавниот сервис.
Правна рамка: И покрај уставната гаранција за слобода на изразување, земјата бавно го усогласува законодавството со ЕУ-стандардите. SLAPP тужбите и новите можности за владино рекламирање во медиуми предизвикуваат загриженост.
Економски контекст: Недостатокот на транспарентно државно финансирање, економскиот притисок врз редакциите и зависноста од донаторски проекти го прават новинарството нестабилна професија.
Социокултурен контекст и безбедност: Ширењето дезинформации преку социјалните мрежи, нискиот професионален стандард и заканите врз новинари по основ на пол или етничка припадност создаваат ризична работна средина. Иако постојат напори за институционална заштита, новинарите што истражуваат чувствителни теми сè уште се под значителен притисок.
На светско ниво, на првите пет позиции се Норвешка, Естонија, Холандија, Шведска и Финска. Последните позиции ги заземаат Еритреја, Северна Кореја, Кина, Сирија, Иран и Авганистан.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос