Поврзи се со нас

Македонија

Македонија одбележува 120 години од смртта на Гоце Делчев

Објавено

на

Во земјава денеска се одбележуваат 120 години од смртта на македонскиот револуционер, идеолог и борец за независна Македонија, Гоце Делчев, кој на денешен датум во 1903 бил убиен од турската војска во селото Баница, на пат кон Сер.

Визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра„ светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола.

Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО, а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.

Останките на Делчев се чуваат во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Некои од неговите најпознати мисли се:

„Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа.“

„Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите.“

„Македонија има свои и нтереси и своја политика.Тие им припаѓаат на сите Македонци. Оној што сака да работи на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија, тој може да се смета за добар Бугарин, Грк или Србин, но не и за добар Македонец.“

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена