Македонија
Македонија одбележува 122 години од смртта на Гоце Делчев

Денес се навршуваат 122 години од смртта на македонскиот револуционер, визионер и идеолог за независна Македонија – Гоце Делчев, кој на 4 мај 1903 година бил убиен од османлиската војска во селото Баница, на патот кон Сер.
Роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола, Делчев рано покажал интерес за образованието и слободата на својот народ. Завршил гимназија во Солун, а потоа студирал на Воената академија во Софија. Од 1894 до 1896 година работел како учител во Штип, каде што се поврзал со Даме Груев и започнал активно да ја гради мрежата на македонското револуционерно движење.
Како член на Централниот комитет на Тајната македонско-одринска револуционерна организација (ТМОРО), Делчев работел на создавање комитети, бази и комитски чети, и бил еден од клучните стратези и идеолози на борбата за ослободување. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО и до 1901 година бил задграничен претставник на Организацијата во Софија.
По неговото убиство, посмртните останки на Гоце Делчев се пренесени и денес почиваат во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје – како вечно сведоштво за неговата борба и жртва.
Гоце Делчев оставил зад себе зборови кои и денес одекнуваат со значење:
„Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот.“
„Македонија има свои и нтереси и своја политика.Тие им припаѓаат на сите Македонци. Оној што сака да работи на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија, тој може да се смета за добар Бугарин, Грк или Србин, но не и за добар Македонец.“
„Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите.“
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог