Македонија
Македонија во спомен на 59-те жртви во пожарот, собир и на плоштадот во Гостивар

Низ повеќе градови во Македонија вечерва се одржаа собири на граѓани во спомен на жртвите од трагичната несреќа во Кочани. Граѓаните излегоа да изразат поддршка и грижа во овие најтешки моменти.
Во Скопје собирот почна со 16 минути молк. Присутните изразија сочувство и заедништво создавајќи ѕвездено небо со мобилните телефони, запалија свеќи и оставаа цвеќиња.
Низ транспарентите како „Народот страда додека системот одмара“, „Грутка во грлото, солзи во очите, не сте сами“, „Корупција пали, невини горат“, „Заради гнилиот систем, гниеме млади“, „Рекордери во денови на жалост“, „Младината ни изгоре во корупциски казан“, „Од алчност децата ги претворивте во пепел, а родителите ги завивте во црно“, „Сите години молчење завршуваат со едноминутен молк“, граѓаните го искажаа својот револт и повик на одговорност.
Во знак на почит кон жртвите во пожарот во Кочани, граѓани, најголемиот дел млади луѓе се собраа и на градскиот плоштад во Гостивар.
Собири имаше и во Кочани, Битола, Струмица и други градови.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што избувна за време на настапот на музичкиот бенд „ДНК“ на 16 март загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести