Култура
„Македонска вечер“ во чест на СВ.Климент

Со музика и убаво пишан збор синоќа во Гостивар се чествуваше празникот 8-ми декември, Денот на СВ.Климент Охридски. Манифестацијата под наслов „Македонска вечер“ ја организираше Младинска Артистичка Корелација (МАК) со поддршка на гостиварскиот Центар за култура АСНОМ.
На прославата беа доделени наградите на најдобрите од литературниот конкурс за есеј на тема „Зошто ја љубам Македонија?”. Првото место го освои Марија Петроска, ученичка од средното економско училиште. Втората награда и` припадна на Томина Стојаноска, а третата ја понесе Михаела Михајлоска. Своите есеи посветени на убавините на татковината и љубовта кон родната грутка наградените ученички ги прочитаа пред публиката во малата сала на Центарот за култура.
Програмата на „Македонска вечер“ беше збогатена со музички изведби и рецитации на стихови.
- Македонијапред 4 недели
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 4 недели
Се празнува Спасовден
- Македонијапред 3 месеци
Од полноќ ново поскапување на горивата
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 1 месец
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!