Вести
Македонската репрезентација подготвена за утрешниот дуел со Русија

Македонската кошаркарска репрезентација утре го игра вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2021.
Во четвртокот во СЦ Борис Трајковски избраниците на селекторот Тодоров, го загубија првиот натпревар во овој ФИБА прозорец од селекцијата на Естонија со резултат 72-81, но тој меч е минато и ништо не е загубено. Сега сите погледи се свртени кон вториот натпревар со репрезентацијата на Русија.

Македонската кошаркарска репрезентација во „Молот“ во Перм, Русија
Македонската селекција патуваше повеќе од 16 часа преку Софија, до Москва, па до далечниот Перм, каде ќе се одигра натпреварот. Со кошаркарите во Русија е и најтесното раководство на нашата федерација. Претседателот Антиќ, потпретседателот Саити, спортскиот директор Гечевски и генсекот Георгиевски.
Преку конференциска врска Gostivarpress.mk попладнево пред закажаниот тренинг, разговараше со раководството на КФСМ во Перм.
– Имавме долго патешествие, патувавме околу 16 часа, најважно е што атмосферата во репрезентацијата е позитивна, сите не боли поразот од Естонија, но сега не може ништо да промениме. Имавме време да се рехалибитираме од патот, го разгледавме градот и сега се подготуваме за попладневниот тренинг, рече Бајрамали Саити, потпретседател на КФСМ.
Спортскиот директор Гечевски вели дека репрезентацијата ќе даде се од себе да го поправи впечатокот на утрешниот натпревар.
– Имаме два дена да се опоравиме од поразот од Естонија, за утрешниот натпревар може само да ветиме на целата јавност деќа ќе се потрудиме да ја претставиме Македонија во најдобро светло. Планирани беа два тренинга, но поради долгиот пат ќе има само еден. На тренингот ќе ги елиминираме и последните дилеми, спреми сме за дуелот со Русија, вели Тодор Гечевски кој силно верува во репрезентацијата.
– Одлично сме пречекани тука, поминавме долг пат но Русија е голема. Утре не чека важен натпревар, верувам во екипата дека ќе дадат максиумум, краток беше претседателот Антиќ.

Тренинг на македонската репрезентација во Перм
Нашата селекција веднаш после руската, го одработи единствениот тренинг во „Молот“, каде ќе се одигра утрешниот натпревар.
Дуелот помеѓу репрезентациите на Русија и Македонија е закажан за во недела од 16 часот по македонско време. Селекторот Тодоров во овој дуел не може да смета на услугите на Нено Димитријевиќ кој поради повреда остана во Скопје.

Спортската сала „Молот“ во Перм е со капацитет од 7.000 седишта
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година