Гостивар
Македонски полициски синдикат: Партиите да не ги заплашуваат нашите членови, времето на закани и уцени е минато
Македонскиот полициски синдикат преку соопштение апелираше до своето членство професионално да ги извршува своите задачи и ги повика политичките партии да не вршат притисоци.
„Како единствен репрезентативен синдикат кој се грижи за своето членство сакаме да ви укажеме доследно да ги извршувате своите работи и работни задачи согласно законската регулатива на Република Северна Македонија која што го уредува спроведувањето на изборниот процес. Да не се ставате во функција на политичките партии заради вршење изборни нерегуларности, да не го нарушувате угледот на институцијата во која работите и да се воздржите од какви било провокации на активисти на политичките партии. Само со професионален пристап и професионално работење за време на парламентарните избори 2020 година ќе се подобри интегритетот на вработените во безбедносните служби и ќе се зајакне довербата на граѓаните. Безбедносните служби мораат да бидат надвор од партиските влијанија,затоа што само деполитизирани безбедносни служби можат да гарантираат безбедност , правна држава и непристрасно спроведување на законите за сите.“, наведуваат од синдикатот.
МПС во продолжение се обрати и до партиите: „Истовремено ги повикуваме политичките партии и нивните локални преставници да не ги заплашуваат нашите членови и воопшто сите вработени во безбедносните служби со „нарачани мизерни соопштенија презентирани од презентери со растреперн глас и растреперни раце“ бидејќи времето на закани и уцени е едно минато време и никој повеќе неможе да ги заплашува преставниците на синдикатот и безбедносните служби. На крајот ги охрабруваме сите наши членови да ги пријават сите вербални притисоци врз нив, и да не потклекуваат на било какви притисоци од било кого во делот на нивната приватна политичка определба.Ние како Македонски полициски синдикат ќе ги штитиме нашите членови со сите средства што ни стојат на располагање.“
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди