Спорт
Македонскиот борец Бобан Илиоски европски првак во кикбокс
Со златен медал и одбрана на европската титула од пред две години, македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски го заврши Европското сениорско првенство во Атина, откако во финалето беше подобар од Ерик Ниевегловски од Полска, јави дописничката на МИА од Атина.
Во финалето во категоријата лоу кик до 86 килограми, Илиоски со 2-1 го совлада противникот.
Македонскиот кикбоксер се пласираше во финалето откако вчера со нокаут пред крајот на првата рунда беше убедливо подобар од грчкиот репрезентативец Христос Филис.
Нашата репрезентација од Европското кикбокс првенство во Атина се враќа со два медали, со златниот на Илиоски и со бронзениот на Стефан Михајловски во категоријата кик лајт над 94 килограми.
Европското кикбокс првенство во Атина почна во неделата со свечено отворање, а завршува утре, а учествуваат 982 натпреварувачи со 1.133 натпреварувачи влеза од 41 држава.
Македонската репрезентација учествуваше со петмина кикбоксери во машка и женска конкуренција, ја предводи претседателот на Кикбокс Маитаи федерацијата Дејан Митровски, а во составот се Бобан Илиоски, Стефан Михајловски, Митко Ашкилов, Леа Бошевска и Андреа Костовска, тренерот Драган Атанасовски, како и Ирена Митровска од Федерацијата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија