Поврзи се со нас

Гостивар

Македонскиот јазик е вековна традиција – Свеченост во Гостивар во чест на 5 Мај

Објавено

на

    Во слава на Денот на македонскиот јазик кој се одбележува на 5-ти мај, и јубилејот 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик, попладневно во Гостивар се одржа свечена манифестација. Настанот го организираше Центарот за култура „АСНОМ“ во соработка со гостиварските средни училишта.

    „Јазикот е нашиот корен, наш дом, наш пат кон сетот, во него сме скриени, во него се разоткриваме. Нашето невидливо тело и нашата најгласна тишина. Со јазикот се развиваме, созреваме, се стремиме кон она што сме и кон она што сакаме да бидеме. Зборувај, осознавај го, промовирај го убавиот македонски збор, дали е народен, дијалектен-македонски е. Да го сочуваме ова наше непроценливо богатство, јазикот е душата на народот. И додека кажаното некогаш се заборава, пишаниот збор останува вечен“, беше речено на свеченоста.

    Македонскиот јазик е вековна традиција што се пренесува со генерации, подвлекоа учениците кои беа дел од културно-уметничката програма, исполнета со рецитации на стихови од познати македонски автори, реферати и фолклор.

    Посебен гостин на одбележувањето на празникот беше професорката доктор Лидија Тантуровска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

    „Благодарност што сум поканета да се обратам на еден ваков ден. По овој повод дозволете да ја издвојам македонската азбука како нешто значајно кога станува збор за македонскиот јазик. За нешто да се чита или прочита, треба да е напишано, а она што го посочуваме да биде прочитано во конкретниот случај е напишано со македонската азбука. Што значи „азбука“? Овој збор потекнува од имињата на првите две букви од најстарото словенско писмо глаголицата, со значење „јас“ „букви“. Буквите во македонската азбука треба да знаат да се знаат да се прочитаат правилно, да се изговараат правилно и да се пишуваат точно“, рече меѓудругото Тантуровска во своето обраќање.

    На 5-ти мај во 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеци Министерството за просвета го озаконило и првиот правопис на македонскиот јазик.

    Кодификацијата на современиот македонски стандарден јазик се заокружува со основоположничките дела на Блаже Конески – Граматиката на македонскиот литературен јазик, Речникот на македонскиот јазик и Историјата на македонскиот јазик.

    Низ историјата македонскиот јазик се запишувал со следните писма:

    Глаголица – ранохристијанска азбука; Кирилица – или позната како старомакедонска азбука или црковномакедонска азбука; Илинденска азбука – кирилична поупростена верзија; Македонска преродбеничка азбука – кирилична упростена верзија; Македонска абецедарска азбука – латинична македонска азбука.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 50 минути

    Самоизолација и здравствен надзор за двајцата заболени од мајмунски сипаници

    Гостиварпред 3 часа

    Гостиварско Здуње доби реконструиран главен пат

    Гостиварпред 4 часа

    11 специјализанти почнаа со работа во болницата во Гостивар

    Македонијапред 7 часа

    Епидемиологот Даниловски со објаснување за „мајмунските сипаници“-Симптоми, пренесување, заштита

    Гостиварпред 8 часа

    Лишено од слобода лице за напад врз сопругата во центарот на Гостивар

    Македонијапред 9 часа

    Викенд временска прогноза

    Македонијапред 18 часа

    Потврдени 2 случаи на мајмунски сипаници во Македонија

    Технологијапред 22 часа

    Зошто сè повеќе гледаме два уреди истовремено и како тоа влијае врз нашето здравје

    Македонијапред 23 часа

    Николоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена