Поврзи се со нас

Спорт

Македонскиот репрезентативец Адеми по 13 години го напушти Динамо Загреб

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец и долгогодишниот капитен и легенда на Динамо Загреб, Аријан Адеми (31), денеска официјално беше претставен во новиот клуб од Кина, Пекинг Гуан.

Адеми 13 години го носеше дресот на „модрите“, во кој запиша 340 настапи и 36 голови. Во Кина ќе заработува 1,65 милиони долари годишно, со него во новиот клуб беа претствени уште две засилувања – Бразилецот Јозеф де Соуза (Бешикташ) и Камерунецот Михаел Нгадеуа (Гент).

Хрватскиот шампион објави дека го повлекува дресот со број 5 до крајот на играчка кариера на Адеми. Дотогаш тој дрес ќе биде резервиран исклучиво за него, доколку некогаш реши да се врати на Максимир.

За Гуан во новата сезона, го задолжи дресот со број 45.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена