Спорт
Македонските фудбалери испуштија два гола предност, изиграа реми во Рејкјавик

Македонската фудбаска репрезентација испушти голема шанса со победа да се врати од вечерашното гостување во Исланд, дозволувајќи им на домаќините со два гола во завршните 12 минути да се изборат за нерешен резултат од 2:2 во квалификациите за пласман на Мундојалот 2022 во Кагар. Македонскиот состав, кој доминираше цели 70. минути во Рејкјавик, дојде во водство во 12 минута преку Дарко Велковски, а асистентот при водечкиот гол Езѓан Алиоски зголеми на 2-0 во 54 минута.
Исланд преку Кари Арнасон во 64 минута постигна гол, кој беше поништен поради офсајд, но офанзивата на домаќините, сепак, вроди со плод шест минути подоцна кога Инги Бјарнасон ја преполови предноста на македонскиот состав.
Исланд целосно се врати резултатски во игра во 84 минута со голот на Андри Гудјонсен, внесувајќи го натпреварот во неивезсна завршница, во која македонскиот состав само две минути претходно пропушти колосана шанса да го „заклучи“ натпреварот, откако резервистот Александар Трајковски ја погоди стативата во 82 минута.
Шансите пред голот на Исланд се редеа и во судиското продолжение, но ударот со глава на Дарко Чирлинов беше болокиран на самата гол линија, а веќе во следниот напад Адис Јаховиќ за малку биеше непрецизно.
Со ремито во Рејкјаваик, макеоднската репрезентација сега ги намали шанси за пласман на Мундијалот идната година и со осум бодови е третопласирана во групата Ј.
Септемврискиот циклус квалификации за пласман на Светското првенство избраниците на Благоја Милевски ќе го заокружат в среда против Романија на домашен терен.
фото:Фудбалска репрезентација на Македонија
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 1 недела
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 4 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 2 дена
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава