Спорт
Македонските фудбалери вечерва против Малта по втора победа во евроквалификациите

Македонската фудбалска репрезентација синоќа го одржа официјалниот тренинг на Националниот стадион во Та Кали на кој вечерва од 20:45 часот ќе се обиде втор пат да ја совлада Малта во квалификациската група Ц и да ги задржи шансите за пласман на ЕУРО2024.
Гостувањето во Малта доаѓа три денови по освоениот бод против европскиот првак Италија во Скопје со кој избраниците на селекторот Благоја Милевски ја прекинаа серијата од два порази.
Поради болки во грбот во македонскиот состав вечерва ќе недостасува стандардниот голман Столе Димитриевски, а дополнително е повикан чуварот на мрежата на Шкендија, Давор Талески.
Поради повреда на листот на ногата и Аријан Адеми, нема да биде вечерва во составот на македонската репрезентација. Адеми, како што соопшти денеска ФФМ, почувствувал болка веднаш по синоќешниот тренинг на Националниот стадион во Та Кали.
„Станува збор за истата повреда поради моја Адеми беше спречен да даде придонес и за натпреварот против Италија“, се наведува во соопштението.
Македонската репрезентација е четвртопласирана во групата Ц со четири бодови, а Малта е последна без бодови.
фото:ФФМ
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!