Спорт
Македонските кошаркари против Данска ги почнуваат претквалификациите за ЕП 2025
Македонската кошаркарска репрезентација вечерва од 19 часот гостува во Данска во првиот натпревар од претквалификациите за Европското првенство во 2025 година.
А нашиот најдобар состав кој во овој момент го има на располагање селекторот Александар Јончевски ја почнува во Нествед, град кој е 60 километри оддалечен од главниот на Данска, Копенхаген.
Селекторот Јончевски очекува неговите избраници да дадат максимум на двете средби во августовскиот прозорец.
– Можеби имаме неатрактивни ривали во групата, но во никој случај не смееме да ги потцениме. Исто така, сметам дека нема репрезентација која отскокнува со својот квалитет. И дека во голема мерка ќе одлучува постоечкиот мотив присутен кај играчите и кај другиот дел од тимот. Ќе играме без странски кошаркар, но сите играчи кои се во составот се во функција да го дадат својот максимум на овие два натпревари, истакна Јончевски.
По три дена, на 28 август македонската репрезентација во Скопје ќе ја пречека Словачка која е домаќин на Норвешка во првото коло од групата „Д“. Само победникот од оваа група ќе обезбеди пласман во главните квалификации.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар