Спорт
Македонските кошаркарки ја пречекуваат Србија во квалификациите за Евробаскет 2025

Македонската женска кошаркарска репрезентација, вечерва од ја пречекува Србија. Ова е натпревар од 2. коло во квалификациите за Евробаскет 2025 година.
Избраничките на селекторот Александар Ашаданов ќе се соочат со еден од најдобрите европски селекции во изминатата деценија.
Една од најискусните кошаркарки во македонскиот состав, Нена Трајчевска, очекува многу тежок натпревар.
„Очекувам еден многу тежок натпревар, бидејќи сите знаеме каква екипа имаат Србија и каде рангираат во женската кошарка во светот. Тие се апсолутни фаворити и таа улога им ја препуштаме без никакво размислување и со голем респект кон нив. Тоа не значи дека ние ќе излеземе на терен исплашени, и без желба за докажување и играње против тие девојки. Ќе дадеме максимум да се покажеме во најдобро светло, и оставиме една слика која ќе ни биде мотив за сите идни заеднички собири и натпревари“, истакна Трајчевска.
Натпреварот ќе се игра во СРЦ „Кале“ во Скопје со почеток во 18 часот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 3 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 4 недели
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос