Поврзи се со нас

Спорт

Македонските кошаркарски јуниори европски шампиони во „Б“ дивизија, капитенот Јаничиќ прогласен за најкорисен играч на првенството

Објавено

на

    Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија ја совлада Австрија во финалето на Европското првенство „Б“ дивизија со 98-88 и го освои пехарот на натпреварувањето кое во изминатиов период се одржуваше во главниот град на земјава.

    Македонците беа подобар противник од Австријците во меч во кој целосно доминиравме од почетокот до крајот.

    Нашиот национален тим забележа осум победи на осум средби, а покрај над Австрија во финалето, во нокаут-рундата славеше над Португалија и Бугарија, а претходно во групата ги доби Ирска, Кипар, БиХ, Чешка и Украина.

    Најдобар стрелец во финалето беше капитенот Никола Јаничиќ со 30 поени, пред Стефан Стојковиќ со 15 поени.

    Кај Австрија, Нико Железник даде 21 поен, а Имран Суљановиќ се истакна со 19 поени.

    Македонија во следното издание на Европското јуниорско првенство ќе игра во А-дивизијата.

    Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Никола Јаничиќ е прогласен за најкорисен играч на Европското првенство од Дивизијата „Б“. Селекторите на 22-те селекции на собирот на јуниорите од Дивизијата „Б“ одлучија Македонецот да го понесе признанието МВП.

    Јаничиќ беше одличен и во финалниот натпревар одигран синоќа во кој Македонија беше подобра од Австрија, и промовирана во шампион на Европското првенство за кошаркари „Под 18“ години. Реализираше 30 поени, пет скока, четири асистенции, исто толку освени и три загубени топки, сето тоа за индекс 31.

    Гостиварецот Никола Димитриевски беше дел од стручниот штаб на јуниорската кошаркарска репрезентација, како помошник на селекторот Андреевски.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 7 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена