Спорт
Македонските одбојкари подготвени за утрешниот старт на ЕП во Скопје

Со натпреварот меѓу кодомаќинот Италија и Белгија денеска почнува 33. Европско првенство за одбојкари на кое на картата домаќини меѓу осумте градови е и Скопје.
Скопје е домаќин на групата Ц во која противници на македонската одбојкарска репрезентација се селекциите на Данска, Чешка, Црна Гора, Холандија и Полска.
Воведниот натпревар на ЕП македонските одбојкари ќе го одиграат в среда од 20 часот против Данска во салата „Борис Трајковски“, по што следуваат дуелите против Црна гора (2 септември), Полска (3 септември), Холандија (5 септември) и Чешка (6 септември).
Премиерниот натпревар на ЕП, на кое кодомаќини се и Бугарија и Израел, вечерва од 20 часот во Болоња е во рамки на групата А во која се и репрезентациите на Естонија, Германија, Србија и Швајцарија.
Во групата Б се репрезентациите на Бугарија, Хрватска, Финска, Словенија, Шпанија и Украина, додека групата Д ја сочинуваат Франција, Грција, Израел, Португалија, Романија и Турција.
Пласман во нокаут фазата ќе обезбедат најдобрите четири репрезентации во секоја група.
Осминафиналните и четвртфиналните натпревари ќе се играат во Бари и Варна, додека завршницата во борбата за медали ќе се игра во Рим.
Натпревари од групната фаза ќе се играат и во Перуџа, Анкона и Тел Авив.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос