Спорт
Македонските ракометари денес ѝ гостуваат на Литванија
Македонската ракометна репрезентација денес од 17 часот гостува во Вилнус кај Литванија во натпревар од второто квалификациско коло за Европското првенство во 2026 година.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров по стартната победа со Естонија во средата во Скопје, со евентуален триумф ќе се најдат на чекор до пласман на уште едно големо натпреварување.
Литванците квалификациите ги започнаа со убедлив пораз од Словенија, но сепак нашите репрезентативци се претпазливи пред натпреварот во Вилнус.
- Литванија одигра одлично прво полувреме со Словенија и покажа дека е квалитетна репрезентација. Во никој случај нема да ни биде лесно. Ќе мора да играме максимално борбено цел натпревар за да дојдеме до победата која би значела огромен чекор кон пласман на ЕП, изјави македонскиот репрезентативец Иван Џонов.
Во другиот натпревар од 2. коло во Група-1 се среќаваат Естонија и Словенија исто така од 17 часот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија