Спорт
Македонските ракометари во полна сала ѝ гостуваат на Хрватска

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва со дуел против домаќинот Хрватска го почнува настапот на меѓународниот турнир „Кроација куп 2023“ во рамки на подготовките за претстојното Светско првенство. Како што јавија хрватските медиуми, салата „Жатика“ во Пореч, која има капацитет од 3.700 седишта, е целосно распродадена за гостувањето на избраниците на селекторот Кирил Лазаров.
Натпреварот е со почеток во 20:15 часот, а македонската репрезентација во истиот термин в сабота ќе го одигра и вториот натпревар на „Кроација куп“ против Израел.
За македонските ракометари ова ќе бидат завршните контролни дуели пред Светското првенство во Полска и Шведска, кое почнува на 11 јануари. Избраниците на Лазаров ќе играат во полскиот град Краков во рамки на групата Ф против Норвешка, Аргентина и Холандија.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 2 недели
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава