Македонија
МАКПЕТРОЛ АД со апел до потрошувачите за почитување на препораките и дисциплинирано однесување

Земајќи ја во предвид состојбата на прогласената пандемија на заболени лица со Корона вирус, COVID – 19 и сите препораки на Министерството за здравство, Владата на Република Северна Македонија и Светската здравствена организација, од Макпетрол АД упатуват апел до сите потрошувачи за дисциплинирано однесување и почитување на сите препораки.
„При посета на нашите бензински станици ги советуваме потрошувачите да внимаваат да не се создаваат непотребни застои и групирања, односно максималната бројка на присутни во продавниците да биде ограничена до три лица, како и задолжително да се одржува препорачаното растојание кога се чека во ред за било каква услуга. Апелираме до сите да бидат стрпливи, да се почитуваат советите кои ги даваат продавачите и да внимаваат на хигиената кога влегуваат и излегуваат од бензинските станици, како и да не се ракуваат и да не ги допираат носот, очите и устата.
Макпетрол како општествено одговорна компанија и водечка сила во енергетскиот систем на нашата држава, секогаш се грижи за своите вработени, како и за сите потрошувачи и посетители. Ние сме во постојана комуникација со сите релевантни институции, водиме корисни и конструктивни разговори и консултации со цел да обезбедиме безбедни услови како за вработените, така и за потрошувачите.
Постојано ги обучуваме и информираме нашите вработени, со цел стручно и професионално да излеземе во пресрет на сите потреби и очекувања од страна на потрошувачите. Секојдневно работиме со нашите вработени и инсистираме да ги почитуваат донесените мерки со цел да обезбедиме ефикасно, безбедно и професионално однесување во новонастанатите услови. Истовремено ги подржуваме вработените на бензинските станици во нивната заложба за хумано, етичко и професионално однесување во овие вонредни услови, знаејќи дека со заедничка општествена посветеност ќе успееме да ги надминеме сите предизвици.
Истовремено ги информираме нашите потрошувачи дека поставените кафемати во нашите бензински станици, заклучно од 20 часот на ден 17.3.2020 година нема да бидат во функција“, се вели во соопштението на Макпетрол АД.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар