Поврзи се со нас

Македонија

МАКПЕТРОЛ Инфо Поинт: Во Германија дизелот, а во Бугарија бензинот има 7 проценти биокомпонента

Објавено

на

Сите дизел-горива продадени на бензинските станици во Европската Унија во 2017 година содржеле биодизел, додека 87,6 проценти од бензинот содржел биоетанол. Највисок процент на биодизел има во Франција и Германија, а на биоетанол во Финска и Бугарија.

Извештајот на Европската агенција за животна средина за квалитетот и емисијата на стакленички гасови од горивата во транспортот во Европската Унија за 2017 година, објавен на 31 октомври 2019 година, покажува дека во 2017 година на бензинските станици во двата  најголеми пазара на дизел-горива во Европската Унија – Германија и Франција, дизелот содржел биокомпонента од 7 и 8 проценти соодветно.

Во 2017 година најмногу дизел-гориво во Европа е продадено во Германија – 45.802 милиона литри, а следна е Франција со 41.054 милиони литри.

Од регионот во соседна Бугарија на бензинските станици во 2017 година се точел само Е10 бензин, односно и безоловниот  бензин 95 и 98 содржеле 10 проценти биокомпонента, додека само дизел Б7 се продавал со 7 проценти биоетанол.

Во 2017 година на бензинските станици во Грција биле продадени 3.067 милиони литри дизел-гориво. Сто проценти од продаденото дизел-гориво содржело 7 проценти биокомпонента.

Дизел-горивото на бензинските станици во Словенија содржело 7 проценти биодизел, додека бензинот содржел 5 проценти биокомпонента.

Најголем процент на биокомпонента во бензините има во Финска каде во 2017 година 67 проценти од бензинот бил Е10, односно содржел 10 проценти биокомпонента, додека останатите 33 проценти бил Е5 со 5 проценти биокомпонента. Дизел-горивото на пазарот во Финска е Б7 и содржел 7 проценти биодизел.

Во Австрија 94 проценти од продадениот бензин на бензинските станици бил Е5 и содржел 4,6 проценти биоетанол, додека сето дизел-гориво било Б7 и содржело 6,4 проценти биодизел.

Во Франција 60 проценти од бензинот на бензинските станици бил Е5 со 5 проценти биокомпонента, додека 38,3 процетни Е10 со 10 проценти биокомпонента. Околу 1,1 процент од бензинот бил Е85 – односно 85 етанол. Сиот дизел на бензинските станици во Франција бил Б7 со 8 проценти биодизел.

Во Германија 86 проценти од бензинот на бензинските станици бил Е5 со 5 проценти биокомпонента, додека 13,3 проценти бил Е10 со 10 проценти биокомпонента. Дизелот на сите бензински станици во Германија содржел 7 проценти биодизел.

(комерцијална објава)

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 недели

Денеска е Летник

Македонијапред 2 недели

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

Вестипред 3 недели

Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените

Гостиварпред 3 недели

Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница

Гостиварпред 4 недели

„Врие“ од револт кај граѓаните од Бањица: Под шатори ќе спиеме на нивите, ја бараме ветената средба со Владата

Регионпред 4 недели

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Гостиварпред 4 недели

Закани и напад врз сопственик на локал во Гостивар заради долгови

Гостиварпред 4 недели

Петрова во Гостивар на средба со сметководители и посета на Управата за имотно правни работи

Гостиварпред 2 недели

Платил 1600 евра за возачка без да полага, па откако бил измамен пријавил во СВР Тетово

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена