Поврзи се со нас

Гостивар

Макрадули: Вработувања и модерна главна пошта во Гостивар

Објавено

на

Генералниот директор на Пошта, Јани Макрадули при денешното отворање на нов поштенски пункт во Гостивар информираше дека при крај се тендерските процедури за реновирање на главниот поштенски објект кај Саат кулата и се очекува наскоро да почнат работите.

„Тендерот е завршен, сега треба да се заврши изборот на изведувачот, има понуди од 8 фирми, ќе го избереме најсоодветниот и мислам дека брзо ќе почне реконструкцијата на главната пошта. Гостивар заслужува да има модерна пошта за сервис на граѓание и компаниите.“, рече Макрадули.

Одговарајќи на новинарско прашање, дали се планираат нови вработувања во Пошта-Гостивар, генераниот директор одговори:

„Ова е динамичен процес во однос на пошта разнесувачите, поштарите како народски ги викаме, и шалтерите. Сега се покажа дека со воведувањето на некои дополнителни услуги има потреба од дополнителни шалтерски работници и се разбира за поштари, доѓаат-одат, така може да сметаме дека уште неколку места ќе бидат пополнети овде во Гостивар во следниот период.“

Со проектот за реконструкција на гостиварската главна пошта, кој е вреден околу 200 илјади евра, нов лик ќе добијат и шалтерската сала и канцелариите на администрацијата.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена