Гостивар
Максимоски: Ако забележите покачување на цените пријавете на 191

Од одделението за инспекциски надзор во Гостивар оценуваат дека угостителите и трговците генерално ги почитуваат мерките и одлуките врзани со коронавирусот, а се однесуваат на нивната работа. Раководителот Живко Максимоски ги повика граѓаните доколку забележат незаконско покачување на цените, да го пријават случајот.
„Од 7 до 19 часот постојано сме на терен, и генерално може да кажам дека сме задоволни во делот на почитувањето на мерките, бројот на прекршувања е се помал. Во трговските објекти забележавме дека цените се вратени во нормала, ги контролираме и трговците со јужно овојше и тие ги намалуваат цените, што беа претходно поскапени. Бројот 191 го имаме поставено скоро во сите трговски објекти и апелираме до граѓаните, доколку увидат покачување на цените да пријават. Ние веднаш ќе постапиме.“, рече Максимоски.
Од почетокот на важноста на антикорона мерките до сега, инспекторите затвориле вкупно 12 локали. „Во тој поглед сме ригорозни, нема простување, секој угостителски објект што ќе биде затекнат дека е отворен и послужува гости, ќе го затвориме затворен.“, изјави Максимоски, нагласувајќи дека имаат добра соработка на терен со полицијата.
Владата донесе Одлука за замрзнување на цените на основните продукти и тоа на леб, сол, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови и дезинфекциони средства со состојба на денот на прогласување на пандемијата од Светската здравствена организација (СЗО), освен за оние за кои има доказ дека се зголемени влезните фактури.
Целосно е забранета работата на кафетериите, баровите, казината и спортските обложувалници.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар