Гостивар
„Малата невеста“ на Драмското студио од економско ги изнасмеа полуматурантите

Драмското студио „Камелеон“ кое функционира во рамки на средното економско училиште во Гостивар, денес во Центарот за култура ја изведе мултиетничката комедија „Малата невеста“. Претставата се одигра пред полуматурантите од гостиварските основни училишта, како дел од активностите за промоција на средниот образовен центар, пред престојните уписи во прва година.
Младите економисти се покажаа како одлични актери, кои успешно го задржаа вниманието на публиката, намамија насмевки и предизвикаа искрени аплаузи.
Сценариото и режијата на „Малата невеста“ ги направи професорката Габриела Петроска, која раководи со Драмското студио, во соработка со професорката Васфије Билали.
„Драмското студио „Камелеон“ функционира повеќе од 15 години и е мултиетничко. Годинава одлучивме претставата која ја подготвиваме „Малата невеста“ да биде еден вид промоција за училиштето пред деветтоодделенците. Се надеваме дека ќе испратиме добра порака за соживот и соработка, толеранција и разбирање бидејќи само така можеме да одиме напред“, изјави Петроска.
Позитивната енергија меѓу средношколците актери се насети и на самата сцена. За работата и соработка со нив, професорката вели дека се голем предизвик, во кој вреди да се вложи труд и време. Претставата се реализираше со поддршка на Младинскиот образовен форум.
Во Средното економско училиште во Гостивар во прва година, може да се запишат 442 ученици во 5 паралелки со настава на македонски јазик, 7 паралелки на албански и една паралелка на турски јазик, според наставните планови и програми за економско – правна и трговска струка.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 2 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар