Верувале или не ?!
Малер за семејство во Србија: Козата им изеде 20.000 евра

Вистинска вест за нашата рубрика „Верувале или не ?!“. Во домаќинството на семејството Симиќ од селото Раниловиќ во Србија, козата Белка им ја изела заштедата од 20.000 евра, која семејството ја подготвило за купување на земја.
Семејството Симиќ, одлучило да го зголеми својот имот и за таа намена ги собирале парите, како би купиле 10 хектари обработлива земја.
Но, дента кога требало да се заврши купопродажбата, не поминало се како посакувале.
„Станавме рано, ги преброивме парите бидејќи требаше да пристигне човекот со кој се договоривме за земјата. Остана уште процедурата да се потпише договорот и да се му се исплати, парите ги оставивме на масата во дневната соба и заминавме на појадок. Таткото на мојот маж како и секое утро замина да ја нахрани стоката, но не забележал дека ја оставил вратата отворена. Козата Белка која ни беше миленик и ја имаме неколку години, незабележано влегла во домот и почнала да ги јаде парите“, низ солзи изјавила снаата Милена.
Кога слушнале шушкање и тропање, станал нејзиниот маж од масата и само што не доживеал инфаркт од виденото. Козата Белка ги изела сите пари, останале уште само 300 евра.
„Од тој ден маж ми ништо не зборува, молчи и гледа само во една точка“, изјавила за „arandjelovacinfo” Милена.
Новинарите на „arandjelovacinfo” напоменуваат додека го работеле интервјуто за изедените 20.000 евра, козата Белка веќе се вртела на ражен.
- Македонијапред 4 недели
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 4 недели
Се празнува Спасовден
- Македонијапред 3 месеци
Од полноќ ново поскапување на горивата
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 1 месец
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!