Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Мали навики за подобро психичко здравје…

Објавено

на

Постојат одредени мали навики – ситници коишто може поволно да влијаат на човековото психичко здравје. Следат седум совети од стручњаците за емотивна благосостојба на умот.

1. Вечера најмалку три часа пред легнување

Вечерањето порано е добро и за варењето и за мирен сон. Советот тука гласи – јадете најмалку три часа пред спиење. Така и нивото инсулин ќе биде складно и најпогодно.

2. Мобилниот телефон подалеку од креветот!

На многумина, паметниот телефон им служи како будилник… Но, можеби „традиционалниот“ будилник е подобра опција, за мобилниот и неговите штетни влијанија да бидат што подалеку од креветот, пишува хрватски „Дневник“.

Исто така, не се препорачуваат одложувања на ѕвонењето, бидејќи тоа само го зголемува стресот наутро.

3. Вежби за дишење при туширање

Утринското туширање е всушност идеален почеток на денот и може да се искористи и како можност за вежби за дишење. Тие се состојат од бавно вдишување и уште побавно издишување. И, останете будни, секако.

4. Почнете го денот барем со кратка прошетка

Според лекарите, човек треба да минува надвор околу два часа дневно. Утрата се тие што го даваат среќниот тон на денот и ноќта. Затоа, се препорачува барем куса прошетка на свеж воздух пред 10 часот. На пр., човекот може да го паркира автомобилот малку подалеку од својата работа или да излезе од јавниот превоз неколку станици порано.

5. Прифатете ги лошите денови наместо да се обидувате да ги свртите

Понекогаш обидите да се сврти лошиот ден се бесмислени и само трошат енергија. Наместо труд и напор „да се поправи“ денот, многу поделотворна е помислата дека не мора постојано да се чувствуваме совршено.

Во ред е понекогаш да се откажат планови и да се каже „не“ на барањата што се поставуваат“. Факт е дека животот е составен од добри и лоши мигови.

6. Вечерна рутина

Ноќните рутини се уште еден мал чекор којшто може да биде корисен за психичкото здравје. На пр., добра навика е и куса медитација близу свеќа, или пак, читање книга пред спиење. Има и други слични обични навики за опуштање.

7. Совршенството не постои!

Можеби ова звучи како клише, но таа е вистината. Мислењето дека можеме да бидеме совршени лесно може да се претвори во опсесија и слабост. Факт е дека никој не е совршен, а и не треба да биде. Колку побрзо човек го прифати тој факт, толку полесно ќе му биде во животот.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена