Поврзи се со нас

Македонија

Малиот гениј Македон на прием кај Пендаровски и Шаќири

Објавено

на

Македон Димитриевски, ученик во второ одделение во ОУ „Лирија“ од Тетово, кој поседува натпросечна интелигенција, денес беше гостин на претседателот на државата Стево Пендаровски и на министерот за образование, Јетон Шаќири.

Во разговор со Македон, Пендаровски бил запознаен со афинитетите, интересите, досегашните успеси, вештини и знаења кои ги поседува седумгодишниот ученик, како и со неговите желби и предизвици во иднина.

Како што соопштија од кабинетот на Пендаровски, тој истакнал дека му претставува особена чест што има можност да го запознае малиот генијалец, со кој се гордее нашата држава и да го охрабри и поддржи неговиот иден севкупен развој.

– Овие ученици се од посебен интерес за нашето општество и заслужуваат максимална посветеност од страна на државата, рекол претседателот на средбата, посочувајќи дека е неопходно институциите да создадат стимулативна средина која ќе го поддржи, поттикне и насочи развојот на децата со натпросечна интелигенција.

Надарените и талентирани ученици, нагласил Пендаровски, имаат комплексни образовни потреби, што претставува посебен предизвик за образовниот систем и ја наметнува потребата од индивидуализирани програми адаптирани на надарените ученици.

Шефот на државата му честитал на Македон за освоениот златен медал на натпреварот „Математика без граници“, во конкуренција на 4000 учесници од 22 земји од светот, и му посака уште многу успеси во иднина.

Министерот Шаќири по средбата со малиот генијалец истакна дека ќе се залага ваквите деца да имаат институционални услови да го надоградуваат знаењето според нивните потреби.

„Со Македон си направивме одличен муабет и тој е навистина посебен. Ќе направам се што е во моја моќ и надлежност како министер за образование и наука тој и талентите како него да го добијат заслуженото институционално внимание, да продолжат да се надградуваат согласно нивните потреби и целосно да го реализираат својот потенцијал – тука во сопствената земја!“, нагласи министерот.

Македон поседува коефициент на интелигенција 134, говори повеќе странски јазици меѓу кои арапски и кинески, одлично ја усовршил астрономијата, а во фокусот на неговиот постојан интерес е математиката каде поседува знаење соодветно за средно образование.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 2 недели

Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ

Гостиварпред 4 недели

Продавале девојче за 50 до 200 евра, меѓу уапсените има и од Гостивар

Вестипред 3 недели

Планинско велосипедска тура „МТБ Маврово 2023“ – Во тек е пријавување

Гостиварпред 3 недели

Тамара од Гостивар ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг!

Спортпред 4 недели

ФК Гостивар по 9 години се врати во Првата македонска фудбалска лига

Писмапред 2 недели

ПИСМА: Граѓани од Гостивар реагираат на небезбедно градилиште

Гостиварпред 2 недели

30 дена притвор за гостиварецот пријавен за сексуално вознемирување на малолетната внука

Гостиварпред 2 недели

Во Гостивар утре хит комедијата „Обвинителка“ со легендарната Лидија Вуќичевиќ

Македонијапред 4 недели

За храна и сметки потребни најмалку 49.384 денари

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена