Поврзи се со нас

Рецепти

Малку поинакви пуканки за уживање во вечерните часови пред телевизор

Објавено

на

Последниов период вечерните часови ги поминуваме дома, најчесто со гледање филмови и серии. А се знае што најдобро оди заедно со убава филмска вечер – пуканките. Полни се со протеини, минерали и витамини, иако многумина го мислат спротивното, поздрави се од сите други “грицки“.

Брзо се подготвуваат, а обично ги јадеме само малку посолени или евентуално со путер. Но, за вечерта да биде малку поинтересна, еве неколку поразлични начини за подготовка на пуканки.

Солено – лути пуканки

Доколку сакате солено, но и луто. Откако ќе ги “испукате“ пуканките веднаш зачинете ги со мешавина од куркума и чили. Добро промешајте ги протресете ги, така што секоја солена пуканка ќе ја добие својата доза на лутина. Важно е веднаш да ги зачините за зачинот подобро да се впие во пуканките.

Солени пуканки со поинаков вкус

Подгответе ги пуканките како и вообичаено, но без да ги солите. Претходно, направете ја оваа солена мешавина со која ќе ги зачините.

За мешавината:

1 филџан сол

1/4 филџан ситно сецкано чадено месо

1/4 филџан пармезан

Сите состојки ставете ги во блендер, ставете го на најјако и смесата е готова. Можете да ја чувате и до еден месец.

Зебра карамелизирани пуканки

Ако пак сакате слатки пуканки овој начин е за вас. За подготовка на овие вкусни пуканки треба малку повеќе состојки и малку повеќе време, но верувајте, вреди секоја секунда потрошена за подготовка.

Состојки:

4 лажички путер

10 раце пченка за пуканки

1/2 рака кафен шеќер

морска сол

1 рака рендана темна чоколада

1 рака рендана бела чоколада

Загрејте ја рерната на 200 степени. Во посебен сад ставете го путерот, шеќерот и 2 лажички вода. Ставете го да се готви и повремено промешувајте. Растопената смеса измешајте ја со зрната од пченка и растурете ја на хартија за печење во поширок плек. Посолете и ставете ја во рерна.

Додека се пече смесата, околу 40 минути, растопете ја чоколадата, посебно белата, посебно темната. Откако ќе се растопи, наизменично поливајте над испечените пуканки и оставете ги на страна се додека не се стврдне, целосно, чоколадата.

Marshmallow пуканки

Вистинските американски пуканки не се солени, тие се Marshmallow пуканки. За подготовка ви требаат 8 минути.

Состојки:

8 Marshmallow кекс колачиња

1/2 филџан кафен шеќер

1/4 филџан путер

1 пакетче пченка за пуканки

Стандардно ги подготвувате пуканките, непосолени, а сите останати состојки промешајте ги и растопете ги на оган додека мешате. Прелијте ги пуканките и почекајте малку да се разладат.

Rainbow пуканки

За овие пуканки потребни ви се шарени трошки за торти и колачи, малку сол, шеќер и масло. Додека ги подготвувате ставете малку од шарените трошки, сол, шеќер и не заборавајте да го протресувате тенџерето додека ги “пукате“ пуканките. Веднаш после тоа, додека се врели истурете по желба од шарените трошки да растопат на пуканките, а додадете уште малку сол и шеќер за поинтензивен вкус и сервирајте, нормално со добар филм или серија.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена