Гостивар
Малолетниците во Гостивар се‘ почесто посегнуваат по дроги, најмалиот зависник има само 9 години

Објавено
пред 1 месецна

Загрижувачки податоци за злоупотребите на дрога во гостиварско. Се повеќе тинејџери во Гостивар запаѓаат во канџите на дрогата. Меѓу малолетниците кои земаат наркотици најчести се оние од 15 до 17 години, но во ова зло навлезени се и помали деца. Според податоците на невладината ХЕЛП, која спроведува програма за заштита на корисници на дроги, најмалиот зависник има само 9 години.
Малолетните корисници немаат пристап до лекување и третман, затоа што законски не се опфатени во програмите. Од ХЕЛП нагласуваат дека децата се оставени сами на себе, што е огромен проблем и пречка за шанса да се извлечат од дрогата.
„За жал, возраста на корисници на дроги се намалува, имаме многу случаи под 18 години, а законски не е регулирано прифаќање малолетници и тоа е голем проблем. Голем број од корисниците се малолетни, а ние законски не смееме да ги третираме, работиме само со полнолетни лица. Има иницијатива тоа да се промени, да се опфатат и малолетници, организациите кои се бавиме со оваа проблематика имаме доставено барање до Владата, има позитивни реакции дека ќе се усвои“, рече Зоран Попоски, претседател на ХЕЛП.
Според податоците на организацијата, на подрачјето на Гостивар има околу 630 корисници на разни дроги: марихуана, хероин, кокаин. Градот се уште нема Дневен центар за третман на зависници, па за метадонска терпија мора да патуваат во Тетово, а за посеопфатено лекување во Струмица.
„Околу 40 корисници од Гостивар се вклучени во метадонска терапија преку Центарот во Тетово. За да го земат метадонот секојдневно треба да патуваат до таму, што секако е трошок за нив. Но, проблем е што поголемиот дел се и вработени, па имаат тешкотија да го усогласат терминот, да стасаат навреме за да ја подигнат терапијата. Ние веќе 10 години се бориме во Гостивар да се отвори Дневен центар, се надевам дека во соработка со институциите ќе успееме во тоа“, подвлече Попоски додавајќи дека со силна волја, поддршка и соодветен третман, зависниците може да се излекуваат.
Во тимот на ХЕЛП за помош на зависниците се вклучени теренски и социјални работници како и медицинско лице. Поради пандемијата организацијата периодов работи на повик со закажување на термини, за да се намалат личните контакти и ризикот од коронавирус
АНКЕТА:

Урнебес во Младост, „падна“ Куманово (91:83)

Седум пати повеќе оздравени од новозаразени со корона во Гостивар последните 24 часа

Следете го во живо натпреварот помеѓу КК Гостивар и Куманово (Livestream)

Во Гостивар се потрошиле 750 брзи ковид тестови, обезбедени се уште 2.000

КК Гостивар – Куманово денеска од 18 часот

Брзо и бесно возење по патиштата на подрачје на Гостивар, казнети 60-тина возачи

Јануарските пензии ќе се исплаќаат од вторник, просечно се покачени за 185 денари

Малолетник каснат од куче скитник во Добридол

Поставена спомен плоча во чест на полицаецот Ѓурчиновски кој загина во несреќа на патот Гостивар-Тетово

Во тек е исплата на финансиска помош од 100 евра, приговорите се разгледуваат

Детали од банкомат кражбата во Гостивар: Го исклучиле алармот, користеле хебли и брусилици…

Проституцијата цвета, во Гостивар над 270 девојки и жени даваат сексуални услуги

Инфектологот Наумоски од Гостивар за личната борба со ковид: Болеста ја погодува психата, поддршката од блиските и околината е најважна

(ВИДЕО) Локал крај патот Тетово-Гостивар полн со танчерки и гости, најден е и пиштол

Фото вест: Гостиварец си го паркирал џипот на плоштад меѓу новогодишните украси…

Џоџо Вокер нов плејмејкер на гостиварци

Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)

Почнува! Априлијада на Gostivarpress.mk (прв дел)
Популарно изминативе 100 дена
- Здравје и убавинапред 1 месец
Цинкот е неопходен за силен имунитет – еве во која храна најмногу го има
- Технологијапред 2 месеци
Вредноста на биткоинот премина 18.000 долари
- Гостиварпред 3 месеци
Гостивар во тага, го загуби доктор Трајче Нешковски
- Занимливостипред 2 месеци
Зошто мобилните телефони секогаш ви паѓаат на страната од екранот?
- Гостиварпред 3 месеци
Од полноќ поевтинуваат бензините
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ нови цени на горивата
- Рецептипред 2 месеци
Подгответе сочна есенска пита од јаболка
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ, поскапуваат горивата