Здравје и убавина
Мандарини – супер овошје во сезона на настинки

Сезоната на мандарина започна, и може да уживате во нив секој ден.
Важно е да се знае како најлесно можете да изберете квалитетни и вкусни мандарини, а според советите на некои луѓе, подобрите мандарини се потешки, бидејќи содржат повеќе вода и сок.
Тие се богати со витамини А, Б и Ц, калиум, фолна киселина, магнезиум, калциум и железо и затоа тие значително ќе го зајакнат вашиот имунитет за време на сезоната на настинка и грип. 100 грама од ова мало портокалово овошје содржи околу 30 милиграми витамин Ц, што задоволува една третина од дневните потреби за оваа хранлива материја.
Ако имате проблеми со варењето јадете многу мандарини. Имено, тие имаат бела влакнеста мрежа која во голема мера помага и ја забрзува работата на дигестивниот систем.
Мандарините помагаат дури и при стрес, бидејќи имаат релаксирачки ефект врз нервниот систем. Ако се најдете во вознемирена ситуација или имате проблеми со болни грчеви, јадете мандарини!
Мандарините се добри и за срцето и за кардиоваскуларниот систем, бидејќи тие се добар извор на калиум, кој го намалува крвниот притисок и го нормализира срцевиот ритам. Покрај тоа, мандарините содржат хранливи материи кои спречуваат акумулација на лош холестерол во артериите, што инаку може да доведе до срцев удар.
Ова мало овошје може да и помогне и на вашата кожа.
Доколку земете четири парчиња мандарина, ги извадите семките и ги измешате заедно со малку јогурт и лажица мед, а потоа да нанесете на кожата на лицето и вратот и оставете да делува 10-20 минут, маската ќе ја обнови вашата кожа и ќе и даде поздрав и посјаен изглед.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 1 недела
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 4 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 2 дена
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава