Гостивар
Манифестација во чест на 24 Мај во Гостивар

По повод утрешниот празник, Денот на сесловенските просветители, попладнево во организација на Центарот за култура АСНОМ во Гостивар се одржа манифестација со културно-уметничка програма. Со рецитали, реферати, литературни творби посветени на писменоста, јазикот и културата, како и со музички изведби, на сцената во малата сала, се претставија ученици од гостиварските основни и средни училишта.
„Овој голем празник посветен на Светите браќа Кирил и Методиј, кои со своето дело им го отворија патот на словенските народи кон описменување и духовност, е темел и на македонското јазично, културно и духовно суштествување како рамноправен народ во семејството на словенски народи. Светилниците на словенската цивилизација и писменост и заштитниците на Европа, Светите браќа Кирил и Методиј се изборија за правото на употреба на старословенскиот јазик во богослужбата докажувајќи дека не постојат мали и безначајни јазици. Нивната визија и вредностите што ги промовираа и по повеќе од десет века се актуелни и релевантни.“, подвлече во своето излагање наставничката по македонски јазик, Валентина Николоска.
На настанот присуствуваа ученици, наставници, претставници од Општина Гостивар и Советот и други гости. Иако претходно беше најавена, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска не пристигна денес на одбележувањето во Гостивар, а за нејзиното отсуство беше речено дека е оправдано.
Македонија на 24-ти мај ги слави светите браќа Кирил и Методиј, основоположници на словенската писменост и литература, незаменливо значајни ликови кои ја развивале културата кај словенските народи и го ширеле христијанството.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 1 недела
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение