Поврзи се со нас

Гостивар

Манифестација во Гостивар во чест на Денот на македонскиот јазик

Објавено

на

По повод Петти Мај, Денот на македонскиот јазик во Гостивар се одржа пригодна манифестација со учество на ученици од гостиварските училишта. Во чест на денешниот празник младите гостиварци презентираа реферат со осврт на историските текови за официјализирање на македонскиот јазик и потсетување на значајни литературни дејци кои твореле на македонски јазик.

„Со решение на АСНОМ од втори август 1944 година, македонскиот јазик беше заведен како официјален јазик на Македонската држава. Меѓу позначајните личности кои се занимавале со задавање правила и стандардизација на графички приказ и на македонскиот правопис се: Крсте Петков Мисирков, Ѓорѓија Пулевски, Кузман Шапкарев, Марко Цепенков, Партенија Зографски… Нашиот великан Блаже Конески, чиишто заслуги за создавањето на македонската азбука и кодификацијата на македонскиот јазик се огромни во една прилика рекол „Јазикот е нашата најкомплетна татковина“. Инаку, буквата Ѕ е единствена на македонскиот јазик, но мора да се спомене дека истата е многу постара, бидејќи постоела во старословенското писмо“, беше речено меѓудругото во рефератот.

Учениците кои учествуваа во свеченоста пред публиката се претставија со рецитатроски изведби на стихови од познати македонски автори. Програмата беше збогатена со музика со етно елементи.

Настанот во чест на Денот на македонскиот јазик го организираше Центарот за култура Гостивар со поддршка на Министерството за култура.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена