Музика
Марија Ана Моцарт – Генијалната сестра на виртуозот Волфганг Амадеус Моцарт
Марија Ана Моцарт, која нагалено ја викале Нанерл, била постара и единствена сестра на музичкиот гениј Волфганг Амадеус Моцарт. Родена е во Салцбург, 30 јули 1751 година, и била чудо од дете, исто како и нејзиниот помлад брат.
Повеќе од три години, Марија Ана Моцарт со својот помал брат гостувала по многу европски метрополи, Лондон, Париз, Минхен, Виена и била запаметена како една од најдобрите пијанисти на својата генерација. Нивниот татко, Леополд Моцарт, кој бил дворски музичар, почнал да ја учи својата ќерка да свири на чембало (или клавичембало) кога имала 7 години.
Нанерл, исто како и нејзиниот брат, знаела да ги отсвири и најкомплицираните дела и да запише ноти од било која композиција која ќе ја слушне. Леополд во 1764 година, во едно писмо напишал: “Моето девојче ги свири најтешките дела кои ги имаме, со неверојатна прецизност и тоа извонредно. Ова кажува дека таа, иако има само 12 години, е една од најдобрите пијанисти во Европа”.
Марија Ана Моцарт со своите турнеи завршила кога наполнила 18 години. Таа била стасана за мажење и повеќе не и било дозволено да оди на турнеи. Додека таткото и братот патувале низ Европа, Нанерл седела во Салцбург и учела женски работи, чекајќи да се омажи. Но, во брачните води запловила дури во 1784 година, а во меѓувреме се занимавала со компонирање. Останува зачувано писмото кое Волфганг и го испратил од Рим во 1770 година, во кое се воодушевува на нејзините композиции. За жал, нејзините дела не се познати.
За нејзината судбина одлучувал нејзиниот татко Леополд, поради кој била приморана да го одбие бракот на Франц де Иполд, иако била вљубена во него. Нанерл на крајот се омажила за Јохан Баптиста Франц, вдовец со 5 деца. Марија Ана Моцарт му родила уште три.
Нејзиниот сопруг починал во 1801 година, а таа се вратила во Салцбург, каде што работела како професор по музика. Поради лошото здравје ослепела во 1825 година. Четири години потоа на 29 октомври 1829 година, Марија Ана Моцарт умира во својата 78 година. Погребана е на гробиштата Свети Петар во Салцбург.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар