Гостиарски
Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово
Оставивме уште една година од животот зад нас, а пред нас се нови 365 дена. Поканивме неколку личности од Гостивар да ни кажат по што ќе ја паметат и каква им била 2021-ва и што очекуваат и посакуваат во Новата Година?
Годината која заврши, да бидам докрај искрен, а да не прозвучам премногу дефетистички, депресивно, сиво и патетично, единствено можеби ќе ја паметам по моите лични (сам на сам) попладневни навраќања со умот на убавите нешта случени и доживеани во претходни години, зашто 2021 повторно беше стресно „коронирана“ и по многу нешто, пред се вредносно, духовно и интелектуално разочарувачки „корозирана“. Извадена од ментешиња, исчијанчена до немајкаде или за нигде-никаде. Година, со три прста црвено-кафенкаста животна рѓа згора која, колку и да ја триеш, едноставно не излегува од површината и од рацете, а останува и под ноките, со кои си имал ниет и си се обидел за миг да загребеш подлабоко во она што мудрите го нарекуваат „купи ден-помини“.
Па така, на прсти можам да ги избројам содржините, професионални, емотивни, општествени, па ако сакате и внатрешно-душевни, кои заслужуваат парче меморија и макар рекапитуларно одбележување. Зборувам за содржини од сите сорти и видови. Од сите маштрафи, овде-онде расфрлани, небаре бисери, а всушност се повеќе или помалку-чемери.
Во новата 2022 година, која барем според бројките ми изгледа посимпатично и ми влева надеж, бидејќи бројките полесно се памтат, не очекувам премногу на општествен план. Професионално посакувам да останам на теренот на кој, велат, најдобро сум играл. Сепак, најбитно ми е здравјето и семејството. Здравјето да ме послужи, а семејството да биде од Бога благословено, бериќетно и напредно. Зашто, и едното и другото немаат цена и со ништо не можат да се заменат, некаде да се купат или на други да се подарат. Се надевам дека, ако не повеќе, во 2022 година малку од малку, ќе се поместат нештата од мртва точка, а не само стралките на часовниците и дека ќе навестат поисполнителни и посреќни денови за сите. Зашто, само споделена среќа може да биде поголема и вистинска. Станавме премногу себични и ненаситни мегаломани, деформирани во мислата и постапките, учествувајќи во налудничавата, безглава трка за пари, моќ и слава. А, покрај нас поминува ЖИВОТОТ или што би рекол единствениот и неповторлив Балашевиќ, животот таа малата цртичка која стои помеѓу годината на раѓање на секој од нас и годината на нашето заминување. Таа сосеама мала цртичка, која во моето родно Ниќифорово ја викаат ЛАЖИВЕК.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија
Вести
Marjan Josifoski, zëdhënës i SPB Tetovë
Оставивме уште една година од животот зад нас, а пред нас се нови 365 дена. Поканивме неколку личности од Гостивар да ни кажат по што ќе ја паметат и каква им била 2021-ва и што очекуваат и посакуваат во Новата Година?
Vitin që përfundoi, të jem plotësisht i sinqertë, dhe të mos tingëllojë shumë disfatës, i dëshpëruar, gri dhe patetik, mund ta kujtoj vetëm në pasditen time personale (vetëm për vetëm) me mendjen të gjërave të bukura që ndodhën dhe përjetova vitet e mëparshme, sepse Viti 2021 ishte sërish i “gërryer” stresues dhe në shumë mënyra, mbi të gjitha vlerat, shpirtërisht dhe intelektualisht e “gërryer” në mënyrë zhgënjyese. E nxjerrur nga menteshat, pastruar askund ose për askund. Një vit me tre gishta ndryshk jete të kuqërremtë sipër, që sado ta fërkosh, thjesht nuk del nga sipërfaqja dhe nga duart, dhe mbetet nën thonj, me të cilin kishe qëllim dhe e provove. për një çast të gërvishtem më thellë në atë që të mençurit e quajnë “blej një ditë”.
Pra, mund t’i numëroj në gishta përmbajtjet, profesionale, emocionale, sociale dhe nëse dëshironi, të brendshme mendore, të cilat meritojnë një copëz kujtese dhe të paktën një shënim përmbledhës. E kam fjalën për përmbajtjen e të gjitha varieteteve dhe llojeve. Nga të gjithë mastrafët, të shpërndarë andej-këtej, si perla, dhe në fakt janë pak a shumë melankolikë.
Në 2022-shin e ri, që të paktën sipas shifrave më duket më simpatik dhe më jep shpresë, sepse shifrat janë më të lehta për t’u mbajtur mend, nuk pres shumë në aspektin social. Profesionalisht dua të qëndroj në fushë ku, thonë, kam luajtur më së miri. Megjithatë, shëndeti dhe familja ime janë më të rëndësishmet për mua. Më shërbeftë shëndeti, dhe familja ime qoftë e bekuar, e begatë dhe e begatë nga Zoti. Sepse, të dyja nuk kanë çmim dhe nuk mund të zëvendësohen me asgjë, të blihen diku apo t’u jepen të tjerëve. Shpresoj që, nëse jo më shumë, në vitin 2022 pak nga pak, gjërat do të lëvizin nga ngërçi, jo vetëm sahati, dhe se do të paralajmërojnë ditë më të kënaqshme dhe më të lumtura për të gjithë. Sepse vetëm lumturia e përbashkët mund të jetë më e madhe dhe e vërtetë. Jemi bërë megalomanë tepër egoistë dhe të pangopur, të shtrembëruar në mendime dhe veprime, duke marrë pjesë në garën e çmendur, pa kokë për para, pushtet dhe famë. Dhe JETA kalon pranë nesh ose, siç do të thoshte i vetmi dhe unik Balasheviç, jeta është ajo vijë e vogël që qëndron midis vitit të lindjes së secilit prej nesh dhe vitit të largimit tonë. Është një vizë shumë e vogël, që në vendlindjen time Nikiforovo e quajnë SHEKULL I GËNJESHTËRT.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија