Гостивар
Марш на средношколци во Гостивар: Мир и пријателство ни треба за да бидеме среќни!

По повод Светскиот ден на мирот 21 Септември ученици од гимназијата и економското училиште во Гостивар, заедно со своите професори, спроведоа Марш на мирот по градските улици и долж Кејот на Вардар. Активноста се организираше во склоп на програмата за Мировно образование, која се реализира во овие училишта.
„Средношколците испратија пораки за значењето на програмата за Мировно образование, но и ја изразија нивната загриженост за мирот во светот кој е во голема криза. Целта на програмата за мировно образование е да биде составен дел од воспитно-образовниот систем за градење на општество кое ќе реагира против сите видови насилство а различностите нема да ги доживува како закана. Со програмата за мировно образование учениците учат како да градат позитивна училишна клима во која секоја индивидуа ќе биде среќна и прифатена, учат како да бидат подобри едни кон други, да се грижат едни за други, да ги препознаат бројните видови неправди,дискриминации и насилства и активно да се спротивстсват на нив. Да одгледаме почовечни и похумани генерации кои утре ќе градат почовечно и похумано општество без секаков вид насилство и вредносен систем многу подобар од овој денес“, нагласија професорите ментори.
Средношколците беа едногласни во пораките: Мир и пријателство на народите ни треба за да бидеме среќни! Никогаш нема причина за војна! Мирот започнува со насмевка!…
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 1 недела
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 4 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 4 дена
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава