Поврзи се со нас

Гостивар

Марш на средношколци во Гостивар: Мир и пријателство ни треба за да бидеме среќни!

Објавено

на

По повод Светскиот ден на мирот 21 Септември ученици од гимназијата и економското училиште во Гостивар, заедно со своите професори, спроведоа Марш на мирот по градските улици и долж Кејот на Вардар. Активноста се организираше во склоп на програмата за Мировно образование, која се реализира во овие училишта.

„Средношколците испратија пораки за значењето на програмата за Мировно образование,  но и ја изразија нивната загриженост за мирот во светот кој е во голема криза. Целта на програмата за мировно образование е да биде составен дел од воспитно-образовниот систем за градење на општество кое ќе реагира против сите видови насилство а различностите нема да ги доживува како закана. Со програмата за мировно образование учениците учат како да градат позитивна училишна клима во која секоја индивидуа ќе биде среќна и прифатена, учат како да бидат подобри едни кон други, да се грижат едни за други, да ги препознаат бројните видови неправди,дискриминации и насилства и активно да се спротивстсват на нив. Да одгледаме почовечни и похумани генерации кои утре ќе градат почовечно и похумано општество без секаков вид насилство и вредносен систем многу подобар од овој денес“, нагласија професорите ментори.

Средношколците беа едногласни во пораките: Мир и пријателство на народите ни треба за да бидеме среќни! Никогаш нема причина за војна! Мирот започнува со насмевка!…

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена